26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајголемата прехранбена компанија продолжува со поскапувањето

Најголемата прехранбена компанија продолжува со поскапувањето

„Nestlé“ ги зголеми цените на своите производи за 6,5% во првата половина на 2022-ра година, во услови на „невиден“ пораст на трошоците на компанијата.

Најголемата светска компанија за храна најмногу ги зголеми своите цени во Северна Америка (9,8%) и Латинска Америка (9,4%), се вели во соопштението на „Nestlé“.

Зголемените трошоци за суровини, амбалажа, товар и енергетски производи влијаеја на оперативната маржа на компанијата, велат од компанијата.

„Го ограничивме ефектот на невидените инфлациски притисоци и ограничувањата на синџирот на снабдување врз нашата маржа преку дисциплинирана контрола на трошоците и оперативна ефикасност“, рече извршниот директор Марк Шнајдер.

И покрај повисоките цени, компанијата, која поседува брендови како „KitKat“ и „Nescafé“, ја зголеми својата органска продажба за 8,1% во истиот период, главно поради силната побарувачка за производите за домашни миленици од брендот „Purina“.

Зголемената инфлација ширум светот ги зголеми трошоците за најголемите светски производители, кои пак се пренесени на потрошувачите. „Unilever“, еден од ривалите на „Nestlé“, објави на почетокот на неделата дека ги зголемил своите цени во просек за 9,8% во првите шест месеци од годината.

Повисоките цени, исто така, ја поттикнаа глобалната несигурност во храната, влошена со руската инвазија на Украина во февруари. Војната ги подигна трошоците за енергија и други суровини на рекордно ниво, притискајќи ги посиромашните земји кои се потпираат на увоз.

Има и добри вести. Глобалните цени на храната паѓаат три месеци по ред, според индексот на храна на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации, иако тие беа за 23 отсто повисоки во јуни отколку пред една година.

Светската програма за храна проценува дека 47 милиони луѓе се преселиле во состојба на акутен глад како резултат на војната во Украина.

Минатата недела Русија и Украина потпишаа договор со кој се овозможува обновување на извозот на жито преку украинските пристаништа во Црното Море.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП