24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТрета година по ред „Toyota Motor“ е лидер во продажбата

Трета година по ред „Toyota Motor“ е лидер во продажбата

„Toyota Motor“ објави дека продала речиси 5,14 милиони возила ширум светот за првата половина од 2022-ра година. Ова и го дава првото место на јапонската компанија, пред нејзиниот германски ривал „Volkswagen Group“ трета година по ред, според податоците од индустријата.

Продадените производи вклучуваат и мали автомобили произведени од „Daihatsu Motor“, како и камиони на „Hino Motors“. Сепак, резултатите бележат пад од 6 отсто во однос на истиот период лани и прво вакво намалување во последните две години. Во услови на недостиг на чипови и заклучување наметнати од пандемијата во Кина во првите шест месеци од годината, падот на продажбата се должи на пониското глобално производство на компанијата, кое падна за 3,8 отсто на 5,10 милиони единици.

Групацијата „Volkswagen“ продаде 3,88 милиони автомобили во периодот јануари-јуни, што е пад од 22,2 отсто на годишно ниво.

„Обемот на продажба никогаш не бил наш главен приоритет“, изјави неименуван претставник на „Toyota“ по објавувањето на резултатите, додавајќи дека компанијата ќе продолжи да дава приоритет на безбедноста и квалитетот и ќе се стреми да прави подобри автомобили.

За првото полугодие, погодено главно од недостигот на делови, продажбата на „Toyota“ во Јапонија падна за 18,1 отсто на 954.173 возила, а домашното производство падна за 17,7 отсто на 1,74 милиони единици.

Продажбата во странство се намали за 2,8 проценти на 4,18 милиони возила, но производството во странство се зголеми за 5,6 проценти на 3,35 милиони единици, благодарение на зголемениот производствен капацитет во Кина.

Меѓу другите јапонски производители на автомобили, глобалната продажба на „Honda Motor Co.“ за првото полугодие беше намалена за 19,5 отсто на 1,90 милиони единици поради падот во Северна Америка и Азија. „Nissan Motor Co.“ забележа пад од 23,9 отсто на 1,67 милиони возила. Продажбата на „Suzuki Motor Corp“ се зголемија за 2,0 отсто на 1,47 милиони единици поради брзата продажба во Индија.

Вкупната глобална продажба на осумте големи јапонски производители на автомобили, вклучувајќи ги „Subaru Corp.“, „Mazda Motor Corp.“, „Mitsubishi Motors Corp.“ и „Daihatsu“, се намалени за 11,4 отсто во шестмесечниот период во однос на претходната година на 11,63 милиони единици. Нивното вкупно глобално производство падна за 6,0 отсто на 11,56 милиони возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП