6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Panasonic“ објави пад на кварталната добивка од 39%

„Panasonic“ објави пад на кварталната добивка од 39%

Јапонскиот гигант „Panasonic Holdings“, чија енергетска единица испорачува батерии на „Tesla“, објави пад на профитот од 39 отсто за својот фискален прв квартал бидејќи побарувачката за домашни апарати и батерии за автомобили се забави по минатогодишниот наплив на пандемијата.

Оперативната добивка за трите месеци до 30-ти јуни изнесува 63,7 милијарди јени (470,77 милиони долари), под просечната прогноза на 9 аналитичари за 73,3 милијарди јени, според податоците на „Refinitiv“.

Производителите, вклучително и „Panasonic“, се соочуваат со силен скок на цените на суровините што не успеваат целосно да го пренесат на потрошувачите. Вторите, од друга страна, ги ограничуваат своите трошоци со оглед на забрзаната инфлација и зголемените стравови од рецесија.

„Panasonic“ имаше исклучително добри резултати во истиот квартал од минатата година кога неговиот оперативен профит порасна повеќе од 27 пати.

Компанијата во мај предупреди дека нејзиниот оперативен профит за оваа деловна година ќе биде рамномерен, погоден од недостиг на компоненти поврзани со заклучувањето поради Ковид-19 во Кина и зголемените трошоци по руската инвазија на Украина.

И покрај послабите квартални резултати, „Panasonic“ ја задржа својата прогноза за оперативен профит од 360 милијарди јени за годината до 31-ви март.

Претходно овој месец, енергетската единица на конгломератот „Panasonic Energy Co“ соопшти дека го избрала Канзас како место за својата нова фабрика за батерии, која првенствено ќе ја снабдува „Tesla“. До 2029-та година, „Panasonic“ планира да го прошири својот капацитет за производство на батерии три до четири пати, а најголемото зголемување ќе биде во Северна Америка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП