24 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИМакпетрол АД Скопје прикажа силни финансиски резултати во првото полугодие

Макпетрол АД Скопје прикажа силни финансиски резултати во првото полугодие

„Макпетрол“ АД Скопје за периодот јануари-јуни 2022 година оствари вкупен приход во износ од 16,33 милијарди денари, кој е поголем од минатогодишниот за 7,43 милијарди денари, односно остварен е раст од 83,54%.

На квартално ниво, вкупните приходи во 2022 година бележат раст и ги надминуваат и пред-пандемските нивоа, во најголем дел поради зголемувањето на цените на нафтените деривати.

Во структурата на приходите, најголем удел со 98,60% имаат приходите од продажба, од кои 93,41% се остварени преку продажба на домашен пазар, а само 5,19% се остварени преку продажба на странски пазар.

Порастот на приходите, споредбено со минатата година, во најголем дел се должи на зголемените приходи на мало за 58,47%, а истите учествуваат со 76,60% во приходите од продажба. Трендот на пораст на приходите на мало во годината, се должи на:

-Зголемување на прометот со нафтени деривати на мало за 8,20% и
-Зголемување на прометот на останатиот малопродажен асортиман (ДАС) за 40%.

Приходите на големо бележат раст од 277,43%, што во најголем дел е резултат на растот на продажбата на природен гас од 11%, како и продажбата на млазно гориво за 140,07%. Продажбата, односно извозот на млазно гориво значајно се зголеми во текот на 2022 година, како резултат на олабавувањето на Ковид-рестрикциите за патувања.

Вкупните расходи остварени во 2022 година се во висина од 15,74 милијарди денари што претставува зголемување во однос на минатата година за 7,07 милијарди денари или за 81,52%. Порастот во најголем дел се должи на зголемените расходи за набавна вредност на трговски стоки од 90,15%, поради драстичното зголемување на цените на светските берзи како резултат на енергетската криза. Набавната вредност го следи трендот на приходите од продажба, што е неминовно со оглед дека истата во апсолутен износ е дел од приходите од продажба, односно зафаќа околу 89% од истите.

Како резултат на остварените приходи и расходи, на крајот на периодот, Друштвото оствари позитивни финансиски резултати искажани преку добивка пред оданочување во износ од 585 милиони денари која е поголема за повеќе од двапати од остварената добивка за шесте месеци минатата година кога изнесуваше 223 милиони денари.

Врз база на остварените резултати, можеме да заклучиме дека Друштвото остварува континуиран успех и се задржува на лидерската позиција децении наназад, а истото е резултат на посветеноста на вработените, кои се основната сила на „Макпетрол“.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

Целосното образложение на промените во финансискиот резултат на Макпетрол АД можете да го видите тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП