28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГаспром ја намалува испораката на гас во Европа

Гаспром ја намалува испораката на гас во Европа

Руската државна енергетска компанија Газпром во средата најави драстично намалување на испораката на гас преку својот главен гасовод до Европа.

Рускиот монопол за извоз на гас соопшти дека исклучува една од последните две турбини во функција поради „техничката состојба на моторот“, намалувајќи ја дневната испорака на гас преку гасоводот Северен тек 1 на 33 милиони кубни метри дневно – околу 20 отсто од капацитет на гасоводот.

„Многу внимателно ја следиме ситуацијата во блиска комуникација со федералната агенција за мрежа и тимот за гасна криза“, се вели во соопштението на германското Министерство за економија во понеделникот по објавувањето на Гаспром. „Според нашите информации нема техничка причина за намалување на испораките.

Гасоводот „Северен тек 1“ продолжи со пумпање минатата недела по 10-дневна пауза за одржување, но Европската комисија предупреди дека е многу веројатно целосно исклучување на гасот од страна на Русија.

Соопштението дојде додека владите на ЕУ дебатираа за планот за насочување на заштедите на гас од 15 отсто за да се избегне зимската криза доколку Кремљ ги затвори чешмите кон Европа. Целта на ЕУ е сега да користи помалку гас за да изгради складиште за зимата, пишува Гардијан.

Извршната власт на ЕУ минатата недела ја обвини Москва дека ја користи енергијата како „оружје“ и ги повика 27 земји-членки да прифатат доброволна цел за заштеда на гас од 15 проценти, што може да стане задолжителна доколку Брисел прогласи вонредна состојба во снабдувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП