9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБлокадите во Кина и инфлацијата исто така го попречија „Philips“

Блокадите во Кина и инфлацијата исто така го попречија „Philips“

„Royal Philips“ ја намали прогнозата за приходите од продажба откако инфлаторните притисоци, проблемите со синџирот на снабдување и заклучувањето поради Ковид-19 во Кина предизвикаа компанијата да ги пропушти очекувањата за вториот квартал, пишува „Bloomberg“.

Холандскиот производител на медицинска опрема сега очекува речиси 3% раст на приходите од продажба за 2022-ра година, што е намалување од претходната прогноза од 5%. Продажбата и нарачките во Кина паднаа за околу 30 отсто во трите месеци до крајот на јуни во однос на претходната година, поради построгите мерки против ширењето на коронавирусот.

„Philips“ беше погоден од „многу предизвици“ во вториот квартал, изјави извршниот директор Франс ван Хаутен во интервју за „Bloomberg TV“.

Компаниите во Европа се борат со зголемените трошоци за производство и континуираните нарушувања во синџирите на снабдување. Глобалниот недостиг на полупроводници влијаеше на пазарот за низа производи, од автомобили до медицинска опрема, додека цените на енергијата, работната сила и другите основни материјали се зголемија.

„Philips“ објасни дека неговата прилагодена добивка пред оданочување, камата и амортизација достигнала 216 милиони евра. Ова е под просечните прогнози на аналитичарите од 347,7 милиони евра, според податоците на „Bloomberg“.

Во меѓувреме, „Philips“ продолжува да се бори против околу 300 тужби поврзани со пена за поништување на бучава во инхалатори кои третираат апнеја при спиење. Корисниците тврдат дека вдишувањето на пената кога ќе се распадне претставува ризик од рак. Компанијата го започна своето прво повлекување на уредите минатиот јуни и направи финансиски резерви од околу 88 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП