8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFord Vignale се претставува во Франкфурт

Ford Vignale се претставува во Франкфурт

ford11

На претстојниот саем за автомобили во Франкфурт, „Ford“ ќе го претстави својот нов бренд наменет за премиум корисниците – „Vignale“.

Vignale (се чита Vin-ya-lay) е наменет за пазарите на кои не е присутен „Lincoln“ и цели кон тој сегмент на клиентите и можеме да го очекуваме до 2015 година.

ford12

Со оглед на целниот пазар, овој автомобил изграден на основата на „Mondeo“ ќе блесне кај новиот сопственик со бројни хромирани детали, сјајна предна маска, различни браници, ексклузивен дизајн на ентериерот и внимателно одбрани палети на бои. Ентериерот ќе биде изработен од кожа, со дебели теписи и потполно прилагодливи дизајни и можности, како што се очекува од автомобил од оваа класа.

ford13

Технолошката компонента ќе ја поддржува составот на „Ford SYNC“, вградениот „WiFi“ систем и адаптивното „LED“ осветлување. Засега не се познати никакви технички детали, но најверојатно системот на моторот ќе биде идентичен како оној од „Mondeo“.

ford14

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП