20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАРуски претприемач прикачи оружје на кинеско куче-робот и објави видео како пука(ВИДЕО)

Руски претприемач прикачи оружје на кинеско куче-робот и објави видео како пука(ВИДЕО)

Во време кога автономните беспилотни летала се користат за гаѓање терористи, а американската војска има свое куче-робот вооружено со снајперска пушка, ова видео е застрашувачки потсетник дека овој вид оружје е веќе реалност во цивилната употреба.

Застрашувачко видео од роботско куче кое пука со автоматско оружје поставено на грбот е објавено на YouTube, но дури сега е откриено од главните медиуми. Видеото е објавено од руски бизнисмен уште во март, а со оглед на тоа што го прикажува, дава застрашувачки поглед за тоа како роботите би можеле да се користат во конфликти во иднина.

Александар Атаманов, основач на руска компанија за ховербајк, го користел догбот UnitreeYushu, кое чини околу 3.000 долари. Тој го снимил роботот како пука со автоматско оружје PP-19 Vityaz од руско производство. Станува збор за автоматско оружје од 9 мм што вообичаено го користат руските специјални сили и кое е руски еквивалент на глобално популарниот германски Heckler&Koch MP5.

Во време кога автономните беспилотни летала се користат за гаѓање терористи, а американската војска има свое куче-робот вооружено со снајперска пушка, ова видео е застрашувачки потсетник дека овој вид оружје е веќе реалност во цивилната употреба.

Роботот UnitreeYushu има и ленти на неговите страни, а на неговата лева страна може да се види руското знаме. Она што е видливо на видеото е дека роботот има проблеми со одвраќањето на пушката, односно секогаш кога ќе пука, роботот треба да прави ребаланс.

На својот Фејсбук профил Атаманов објави и слика на која се гледа како наизглед истиот робот, но овој пат наместо оружје држи шолја кафе.

Атаманов живее во Њујорк, има диплома по инженерство и право, магистер по менаџмент на иновациски процеси и себеси се нарекува „пионер и водечки меѓународен експерт во областа на личната воздухопловна технологија“, според информациите на неговиот профил на LinkedIn.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП