24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНовата генерација на Apple Watch ќе има поголем екран и поиздржлива батерија,...

Новата генерација на Apple Watch ќе има поголем екран и поиздржлива батерија, а ќе може да ја мери и телесната температура

Apple во септември би можел покрај класичната верзија на својот часовник да претстави и сосема нова верзија која ќе има дополнителни функции, но и повисока цена.

Остануваат уште помалку од два месеци до конференцијата на која Apple треба да ги претстави новитетите како што се новите генерации на паметни телефони и часовници, а се надеваме и некои други производи. Веќе знаеме многу за телефоните, а минатата недела новинарот на Блумберг Марк Гурман објави неколку информации за новата генерација на Apple Watch кои можевме да ги видиме на конференцијата.

Според овие информации, на постоечките модели – Apple Watch и Watch SE моделот, компанијата на Кук би можела да додаде уште една верзија – Pro од оваа година.

Таа премиум верзија би требало да има некои дополнителни опции, но секако и повисока цена, а некои претходни гласини зборуваа за сума од дури 1000 долари.

Apple Watch 8 Pro треба да ги донесе првите големи промени во дизајнот во последните години – не треба да се очекуваат револуционерни промени, туку „еволуција на сегашната правоаголна форма“. Така, часовникот би требало да биде малку поголем, со седум отсто поголем екран во споредба со Apple Watch 7. Исто така, Гурман ја споменува „поиздржливата формулација“ на титаниум, за да може часовникот да ги издржи сите предизвици на екстремните спортови.

Она што веројатно ќе им биде најважно на многумина е тоа што моделот Pro ќе има поголема батерија, а се споменува и low power mode, опција која треба да овозможи часовникот да се користи неколку дена пред да се поврзе со полначот.

Друга опција што корисниците ќе ја ценат, но која може да биде достапна и на обичната верзија на нивниот часовник, е сензорот за телесна температура.

Што ќе донесе новата генерација на Apple Watch 8, вклучувајќи го и сосема новиот Pro модел, треба да дознаеме во септември, а дотогаш можеме да очекуваме нови гласини и информации за часовниците да се појават на интернет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП