3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВојната во Украина го поттикна „SAP“ да ја намали својата годишна прогноза...

Војната во Украина го поттикна „SAP“ да ја намали својата годишна прогноза за профит

Европскиот софтверски гигант „SAP“ објави рекорден раст на приходите од 13%, надминувајќи ги проценките на аналитичарите, благодарение на бизнисот со облачни услуги. Сепак, германската групација ја намали својата годишна прогноза за профит поради војната во Украина.

„SAP“, кој развива софтвер за управување со деловни процеси, се движи кон облак-услуги базирани на претплата по години нудење софтверски лиценци.

„Нашата транзиција кон облак-услуги се случува побрзо од планираното и ги надминавме очекувањата за приходи бидејќи приходите од облак станаа најголем извор на средства на компанијата“, коментираше извршниот директор Кристијан Клајн.

Приходите од облачни услуги на компанијата пораснаа за 34 отсто на 3,06 милијарди евра во кварталот.

Сепак, „SAP“ ја намали својата приспособена прогноза за профит за 2022-ра година и сега очекува таа да биде помеѓу 7,6 и 7,9 милијарди евра. Претходната беше од 7,8 до 8,25 милијарди евра. „SAP“ ја оправда својата одлука со ударот од 350 милиони евра што војната во Украина и донесе прилагоден профит, како и потенцијалниот пад на приходите од лиценцата за софтвер.

Излегувањето на „SAP“ од Русија и Белорусија поради војната доведе до исплата на околу 120 милиони евра на вработените и оштетување на имотот.

„Преземањето продолжува. Ги известивме нашите вработени и тие ќе ја напуштат компанијата во 2022-ра година“, изјави Клајн за новинарите.

„Исто така, има голем број работници кои можат да работат кај нас од други места, но до крајот на годината ќе го завршиме нашиот излез и не очекуваме поголема сума од 350 милиони евра“, додава тој.

Вкупните квартални приходи на „SAP“ се зголемија на 7,52 милијарди евра по постојани валути. Според податоците на „Refinitiv“, аналитичарите очекуваа 7,32 милијарди евра.

Прилагодената заработка по акција достигна 28 центи, под проценките од 44 центи, најмногу поради послабиот придонес од инвестициите на фирмата за ризичен капитал „Sapphire Ventures“. Овој придонес е намален за околу 1 милијарда евра во однос на лани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП