Се чини дека „Sony“ се насочи кон купувачите на таблети со својот нов „Vaio Tap 11“ таблет компјутер.
Новиот уред работи на потполна верзија на „Windows 8“, а под куќиштето се наоѓа „Core i7 Haswell“ чип од „Intel“ и „SSD“ интерна меморија.
„Tap 11“ поседува 11.6-инчен „Triluminos“ дисплеј со „Full HD“ резолуција.
Тука е уште и камерата од 8 мегапиксели со „EXMOR RS“ сензор.
Таблетот е инспириран од „Xperia“ линијата на смартфони а тука е и алуминиумското копче за стартување на уредот.
„Vaio Tap 11“ доаѓа и со безжична тастатура која поседува „touchpad“ и може да се постави на екранот кога не да се користи и во тој случај може да ја преземе функцијата за негова заштита.