Бизнисменот Трифун Костовски најави дека на 22 август ќе ја објави вистината за стечајот на Еуростандард банка.
„Со гордо срце и чиста мисла денеска официјално најавувам дека на ден 22 август 2022 година во Скопје ќе биде обзнаен извештајот од мојата приватна истрага поврзана со стечајот на Еуростандард банка, која се работеше во изминатите 15 месеци“, најави Костовски.

