6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНарачките од Европа ја поддржаа продажбата на „Alstom“

Нарачките од Европа ја поддржаа продажбата на „Alstom“

Францускиот производител на возови „Alstom“ во вторникот објави раст на приходите од 8 отсто во првиот квартал, поттикнат од продажбата во Европа, каде што обезбеди најголем дел од договорите што ги доби во трите месеци, објави Ројтерс.

„Alstom“, кој произведува возови и системи за сигнализација за урбани и регионални железнички мрежи, објави продажба од 4 милијарди евра во трите месеци до 30-ти јуни, што е повеќе од 3,70 милијарди долари една година порано.

Уделот на Европа е 2,41 милијарди евра или 60% од продажбата.

„Alstom“ прими нарачки во вредност од 5,60 милијарди евра во кварталот, што е за 13% помалку од минатата година. Европа придонесува со 70% од овие нарачки, вклучувајќи го и договорот за 130 електрични возови во Германија објавен во мај.

Француската групација имаше заостаток од 83,4 милијарди евра на крајот на периодот.

„Alstom“ ги потврди своите финансиски цели, вклучувајќи го растот на продажбата и создавањето слободни парични текови за тековната финансиска година, но предупреди дека сè уште гледа предизвици од инфлацијата и недостигот на електронски компоненти. Акциите на компанијата изгубија една петтина од својата вредност оваа година од почетокот на руската инвазија на Украина и поврзаниот голем пораст на трошоците, а синџирите на снабдување добија уште еден удар од новите блокади на Ковид-19 во Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП