5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Galaxy S22 FE“ нема да се појави годинава

„Galaxy S22 FE“ нема да се појави годинава

„Samsung“ пред две години реши да претстави телефон кој ќе биде наменет за сите оние кои сакаат искуство за користење на премиум телефон „Galaxy“, но да платат помалку за него.

Во есента 2020-та година, јужнокорејската компанија го претстави „Samsung Galaxy S20 FE“, а оваа година со големо задоцнување ќе пристигне и „Samsung Galaxy S21 FE“. Годинава се очекуваше и „Galaxy S22 FE“, но тоа нема да се случи, а наводно „Samsung“ се откажа од „FE“ телефоните.

„Sammobile“ сега известува за причината поради која оваа година нема да се лансира телефон „Galaxy S22 FE“, како и за можните идни планови на „Samsung“ за „FE“ телефоните.

Популарниот портал наведува дека „Samsung“ не се откажал целосно од „FE“ телефоните во иднина, туку само дека планираниот „Galaxy S22 FE“ нема да пристигне оваа година. Порталот наведува и можни причини.

Имено, наводно една од главните цели на „Samsung“ за оваа година била да ја зголеми продажбата на телефонот „Galaxy S22 Ultra“. Се одеше и се одвива според планот, бидејќи „Samsung“ бележи одлични продажни резултати за овој телефон. На почетокот на месецот се појави информација дека „Samsung“ продал повеќе од 11 милиони телефони од „Galaxy S22 Ultra“. Оваа бројка е далеку над најпродаваниот телефон „Galaxy Note“ досега.

Очигледно, „Samsung Galaxy S22 Ultra“ е главната причина за непретставувањето на телефонот „Galaxy S22“. Поради недостиг на чипови, „Samsung“ мораше да донесе одлука за кои телефони ќе бидат резервирани и одлуката падна на „Galaxy S22 Ultra“.

Наводно, „Samsung“ планирал да произведе три милиони примероци од „Galaxy S22 FE“ во оваа година, но поради горенаведениот проблем, одлучил да го промени планот и да ги користи чиповите за „Galaxy S22 Ultra“.

На крајот од статијата „Sammobile“ посочува дека „Samsung“ засекогаш не се откажал од телефонот „Galaxy FE“ и дека следната година ќе биде претставен „Samsung Galaxy S23 FE“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП