24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАGoogle започнува со тестирање на паметни очила

Google започнува со тестирање на паметни очила

Пред десет години Google го претстави прототипот на своите први паметни очила. Тие веруваа дека станува збор за нова категорија уреди по телефоните и таблетите кои ќе привлечат милиони луѓе, но наместо тоа очилата наидоа на многу критики во јавноста, најмногу поради можноста за фотографирање и видео, што многумина го видоа како грубо кршење на приватноста и Google на крајот се откажа од тој проект.

На I/O конференцијата во мај тие претставија прототип на новата генерација паметни очила и оваа недела објавија дека се подготвени да ги тестираат „во реални услови“. Тестовите ќе започнат во текот на следниот месец и треба да покажат како очилата можат да им помогнат на луѓето во секојдневниот живот, односно во различни ситуации со кои се соочуваат секој ден. Очилата се првенствено наменети за превод во живо и навигација.

Џастон Пејн, менаџерот на Google за зголемена и виртуелна реалност, нагласи дека тестовите ќе им помогнат да ги подобрат искуствата како AR навигацијата . Тој вели дека факторите како што се временските услови и сообраќајните раскрсници многу тешко се тестираат во затворени простори, па затоа очилата и технологијата треба да се тестираат во реални услови.

Првично, очилата ќе ги тестираат мал број луѓе – вработени во Google и луѓе од доверба на Google, а ќе бидат опремени со камери, микрофони и екран во самите очила. Сепак, при тестирањето, употребата на овие опции ќе биде ограничена, па нема да може да се прават фотографии и видеа со очилата.

Очилата ќе користат сликовни податоци за превод на текст и инструкции за навигација, но брзо ќе ги избришат овие податоци, освен во случај на податоци што ќе се користат за корекција и анализа на грешки, но дури и тогаш нема да ги задржуваат чувствителните информации како што се снимките од луѓето и регистарски таблички. Не е познато кога овие очила ќе се појават во продажба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП