3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„General Electric“ ги откри имињата на компаниите во кои се разделува

„General Electric“ ги откри имињата на компаниите во кои се разделува

„General Electric“ ги објави имињата на трите одделни компании создадени како резултат на историската поделба на конгломератот: „GE HealthCare“, „GE Aerospace“ и „GE Vernova“, пренесува „Reuters“.

„GE HealthCare“ ќе ги покрива здравствените услуги и ќе биде наведен на „Nasdaq“ под симболот „GEHC“, откри гигантот. Процесот на одделувањето се очекува да заврши на почетокот на следната година.

„GE Aerospace“ ќе биде авијациски клон на компанијата, која вклучува вкупно 39.400 комерцијални и 26.200 воени авиони. Воздухопловната единица ќе го поседува и брендот „GE“, кој може да го лиценцира на другите дивизии.

Бизнисот со обновлива енергија на компанијата ќе се вика „GE Vernova“. Самото име е од „комбинацијата на „ver“ што доаѓа од „verde“ и „verdant“ за да го сигнализира зеленото и синото на Земјата, и „nova“ од латинскиот „novus“ или „new“, како одраз на новата и иновативна ера на енергија со пониски емисии на јаглерод, што „GE Vernova“ ќе помогне да се постигне“.

„GE“ одржува инсталирани 7.000 гасни турбини и 400 гигавати опрема за обновлива енергија. Поделбата на овој бизнис се очекува да заврши на почетокот на 2024-та година.

„Денес е клучен момент во плановите на „GE“ да се трансформира во три независни, фокусирани компании“, рече претседателот и извршен директор Лери Калп.

„Искористувањето на глобалниот бренд од повеќе милијарди долари на „GE“ ни дава конкурентна предност на крајните пазари што ќе им овозможи на овие компании да победат во иднина“, додава тој.

Цената на акцијата на „GE“ порасна за околу 2% во утринското тргување во САД. Сепак, од почетокот на годината вредноста на акциите на гигантот падна за близу 30 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП