27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНова ера на Арена - Премиер лига ексклузивно на Арена спорт...

Нова ера на Арена – Премиер лига ексклузивно на Арена спорт каналите

Започнува нова ера на Арена спорт каналите- натпреварите од најдоброто национално првенство во светот, Премиер лига ексклузивно ќе се пренесуваат на Арена спорт на Msat TV, сателитската телевизија на Мтел Македонија.

Честа да ја отворат новата натпреварувачка сезона во Премиер лига им припадна на тимовите на Кристал Палас и Арсенал. Натпреварот ќе се одигра на петти август (петок) на стадионот на домаќините Селхрст Парк во Лондон.

Сезоната, во која што Манчестер Сити ќе се обиде да ја одбрани шампионската титула, ветува дека уште еднаш љубителите на фудбалот, особено англискиот, ќе имаат прилика да уживаат во врвно фудбалско надигрување и надмудрување, возбудливи акции и сензационални голови. 

Во меѓувреме, Арена спорт со целиот свој тим се подготвува да ги пренесе сите возбудувања до гледачите кои со нетрпение го очекуваат почетокот на новата фудбалска кампања на островот.

Но, покрај ексклузивните преноси од Премиер лига, гледачите како и досега само на Арена добиваат можност да уживаат во врвните фудбалски збиднувања и во француската Лига 1, шпанската Ла Лига која стартува на 12 август, италијанската Серија А, но и натпреварите од Македонската лига во фудбал. Арена ќе ги пренесува и натпреварите од престижната Лига на шампиони, како и Лига на Европа и Лигата на нации и од претстојното Светско првенство во Катар.

За љубителите на одличните кошаркарски натпревари Арена ги пренесува натпреварите од американската НБА и АБА Лигата, а вљубениците во ракометната игра имаат можност да уживаат во ЕХФ Лигата на шампиони.

Msat TV е достапна секаде низ Македонија со понуда од три различни пакети на телевизиска содржина од кои што може да избирате согласно вашите желби. Секој од пакетите ги вклучуваат Арена спорт каналите со промотивен попуст од 50 отсто на претплатата во првите 12 месеци.

Аплицирајте за некој од MSat TV пакетите преку веб страната www.mtel.mk , на телефонскиот број 15 010 или во салоните на продажната мрежа на Мтел Македонија и уживајте во натпреварите од Премиер лигата и останатите спортски возбудувања преку Арена каналите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП