Москва мора да продолжи да плаќа висока цена за својата агресија против Украина, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Европската унија во понеделник ќе размисли за заострување на санкциите кон Русија, откако Москва беше обвинета дека ја користи нуклеарната централа што ја зазеде во Запорожје за складирање оружје и лансирање ракети кон околните региони на јужна Украина, соопшти Брисел.
„Москва мора да продолжи да плаќа висока цена за својата агресија против Украина“, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, оправдувајќи ги предложените мерки.
Повеќе руски граѓани исто така би можеле да бидат ставени на црната листа на ЕУ, пишува АБ.
Се очекува во понеделник членките на Унијата да ги одржат првите разговори за санкциите во Брисел, но одлуката нема да биде донесена истиот ден, пишува весникот, повикувајќи се на изјавата на неименуван висок функционер на ЕУ.