20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Porsche“ (досега) има испорачано повеќе од 145.000 автомобили

„Porsche“ (досега) има испорачано повеќе од 145.000 автомобили

„Porsche“ ги задржа силните бројки за испорака за првата половина од 2022-ра година, и покрај бројните предизвици.

Севкупно, производителот на спортски автомобили испорача 145.860 возила на клиентите ширум светот помеѓу јануари и јуни, што е пад од 5 проценти во споредба со претходната година.

„Ние и нашите дилери успешно ја поминавме првата половина од оваа година, која беше обликувана од надворешни фактори и несигурности“, вели Детлев фон Платен, член на одборот за продажба и маркетинг во „Porsche AG“.

Различни беа состојбите на светските пазари во првата половина од годинава, па различни се и бројките во однос на испораката за различни региони и пазари. Во Европа, бројот на испорачани возила се зголеми на 43.087.

Ова е зголемување од 7 отсто во однос на истиот период лани. Истото важи и за домашниот пазар во Германија. 13.785 испораки во првите шест месеци од 2022-ра година претставуваат раст од 5 отсто на годишна основа.

Во Кина, „Porsche“ успеа да испорача 40.681 возило на клиентите и покрај неколкумесечните рестриктивни мерки во некои градови. Падот на бројките во однос на испораките во првата половина од годинава е 16 отсто во однос на претходната година.

Со оглед на севкупниот пад на продажбата на премиум/луксузниот сегмент во Кина (пад од 23 отсто од јануари до мај), производителот на спортски автомобили испорача импресивни перформанси на својот сè уште најголем пазар.

Вкупно 62.245 возила беа испорачани на клиентите на „Porsche“ во азиско-пацифичкиот регион, Африка и на Блискиот Исток. Во САД, „Porsche“ испорача 32.529 возила на клиентите, и покрај тешкотиите со испораката и транзитот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП