26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАВидео открива како ќе изгледа „Motorola Razr 3“ со флексибилен екран (ВИДЕО)

Видео открива како ќе изгледа „Motorola Razr 3“ со флексибилен екран (ВИДЕО)

Компанијата штотуку го објави првото видео кое открива како ќе изгледа телефонот, но без да го потврди точниот датум на лансирање на новиот модел.

Тизер видеото го прикажува телефонот што се витка во црна боја, како и системот со двојна камера на задната страна заедно со блиц. Исто така, можно е да се издвои поголем надворешен дисплеј кој овозможува прикажување на најважните известувања и интеракција без потреба од отворање на телефонот.

Иако „Motorola“ не ги потврди гласините спецификации, „Razr 3“ се очекува да биде придвижуван од Qualcomm Snapdragon 8 Gen 1 процесор, како и да доаѓа со 6,7-инчен OLED дисплеј од 120 Hz и систем со двојна камера од 50 MP на задната страна и преден сензор од 32 MP способен за снимање видео со FullHD.

Претходните неофицијални информации говореа дека новиот „Razr“ ќе биде поевтин од претходните модели, како и дека ќе има два екрани, што го открива и самото видео.

Иако „Motorola“ не објави официјален датум за лансирање, доверливиот интернет советник Еван Блас сугерираше дека „Razr 3“ ќе ја види светлината на денот во јули или август во Кина, а малку подоцна и во остатокот од светот.

Со очигледни промени во дизајнот, подобрени спецификации и значително понапредни камери, новиот „Motorola Razr“ би можел да биде сериозен конкурент на другите флексибилни модели на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП