29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКовид 19,  старо – нова закана за кревкото стопанство!

Ковид 19,  старо – нова закана за кревкото стопанство!


Зголемувањето на бројот на заболени од Ковид 19 повторно го актуелизира проблемот со оваа болест која три години условно кажано владее во светот. И кога сите веќе си помислија дека пандемијата е завршена работа и животот веќе нормално функционира, сега се почесто граѓаните се присетуваат на обидот да се живее во „новото нормално“. Носење маски, редовна дезинфекција, држење дистанца, работа од далечина, намалени капацитети во компаниите, со еден збор криза. Но сега се зависи од тоа каква ќе биде моќта на новите соеви на Ковид 19, колку тие ќе може да направат повторна турбуленција во светот. Бизнисмените апелираат дека навремено ќе треба да се реагира доколку состојбата дополнително се проблематизира. Здравствените експерти засега тврдат дека нема потреба од паника. 

Од Сојузот на стопански комори предупредуваат дека од есен ќе се соочиме со ризик кој доаѓа од три страни, едниот во однос на опасноста од појава нови вирусни соеви и раст на број на заболени, вториот во однос на енергетската криза која ќе се распламти и третиот е комулативени ефект на економската криза кој најмногу се одразува на финансиската стабилност на деловните субјекти. Што се однесува до здравствениот ефект од кризата, стопанствениците велат дека тие не очекуваат мерките за заштита кои би биле донесени значително да ја нарушат деловната активност. Бизнисмените од ова здружение сметаат дека мерките нема да бидат во обем како што тоа беше на почетокот на пандемијата. Додаваат дека проценката за опасноста за ширење на вирусот ја прават стручни лица од Комисијата за спречување на заразни заболувања, и додаваат дека тие како деловна мрежа секогаш апелираат за нивно почитување. Од ССК најмногу се загрижени од нови негативни ефекти од енергетската криза.

„Ризикот од негативниот ефект од енергетската криза е огромен, поради што и побаравме да се поедностави процедурата за поставување на фотоволтаични панели, како би можело компаниите но и приватните субјекти, поголем дел од потребите за енергија во зимскиот период кога се и најголеми да ги задоволуваат со искористување на сончевата енергија. Веќе истакнавме и дека важно е да се активираат сите домашни капацитети за производство на струја и засилено да се инвестира во овој сектор. Исто така треба да се преземат мерки кои ќе повлечат активирање на повеќе економски сектори, што наједноставно може да се постигне ако почне да се реализираат капиталните инвестиции кои на долг рок ќе ја зголемат економската активности во земјава. Исто така важно е финансиската помош која ја обезбедува државата да биде добро таргетирана и насочена кон реалниот сектор, а не да се користи доминантно како социјална мерка“, велат за Денар од Сојузот на стопански комори. 

Здравствените експерти веќе заседаваа по новонастаната здравствена состојба во Македонија. Освен што констатираа дека има раст на бројот на нови случаи со Ковид, утврдиле и дека земјава во моментов се наоѓа во зелена зона, а тоа значи дека има доволен број на капацитети за згрижување во болниците и Ковид центрите. Информациите на Комисијата за заразни болести објави дека зголемувањето на бројот на новозаболени од Ковид 19 е без малку 80 отсто. Според информациите на состоанокот на Комисијата било отворено и прашањето за тестирањето на граѓаните, и докторите препорачале да се зголемат капацитетите за тестирање во институциите каде тоа се спроведува. 

„Комисијата во моментот не препорачува дополнителни рестриктивни мерки и апелира до граѓаните да внимаваат на сопственото здравје, да избегнуваат посети во затворени и невентилирани простории, освен кога тоа е неодложно и во тие случаи се препорачува носење заштитна маска и одржување дистанца“, ова е одлуката на Комисијата за заразни билести.

Од Стопанската комора на Македонија пак на властите им порачаа да не бидат 100 отсто посветени на политиката. Ставот на бизнисмените членки на оваа комора е дека случувањата на политички план во сенка ги стави економијата и стопанството. И тие стравуваат од нови негативни влијанија предизвикани од енергеткста криза. А дополнителна загриженост велат дека носи ова повторно зголемување на бројот на заболени од Ковид 19.  

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП