НАСА и руската вселенска агенција Роскосмос потпишаа договор за интегрирање на летовите до Меѓународната вселенска станица, дозволувајќи им на руските космонаути да летаат со вселенски летала од американско производство, а американските астронаути да летаат во рускиоѕ Сојуз, објавија агенциите во петокот.
„Договорот е во интерес на Русија и САД и ќе го промовира развојот на соработката во рамките на програмата на Меѓународната вселенска станица (ISS)“, се вели во соопштението на Роскосмос, додавајќи дека ќе го олесни „истражувањето на вселената за мирoљубиви цели“.

