12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВести од светот

Вести од светот

vesti-svet

Најнови вести од светот 06.09.2013 година

Белград – Седиштето на шведската компанија Икеа за регионот ќе биде во Белград, вели за НИН министерот за трогвија и телекомуникации Расим Љајиќ. – Икеа дефинитивно доаѓа во Србија, сега се завршува документацијата околу дозволата –  рече Љајиќ за НИН, наведувајќи дека Швеѓаните веќе имаат три локации во нашата земја. – Регионалното седиште на Икеа ќе биде во Белград – за Словенија, Хрватска, Србија, Романија и подоцна за сите земји каде Икеа ќе се шири – наведе тој.

Лесковац – Околу 40 мештани на Грделица и околината ги спречија изведувачките работи на автопатот на Коридорот 10 да влезе во нивните ниви, кои Патишта на Србија не ги исплатиле.

Париз, Будимпешта – Шведскиот гигант за производство и дистрибуција на облека H&M на 12 септември ќе отвори во Будимпешта прва продавница за опремање на домови H&M Home. По големиот успех на оваа линија на производи во многу земји во светот, во пазарниот центар Вестенд, во Будимпешта, на клиентите ќе биде понуден широк асортиман на стока, како што е постелина, завеси, пешкири и други, пренесе француската агенција Ибифранс, повикувајќи се на пишувањето на унгарските медиуми.

Подгорица – Во Црна Гора моментално има 123.194 пензионери, а покрај постојаниот раст на бројот на пензионери присутен е и пад на приходите од придонесите за пензиско инвалидско осигурување. Директорот на Фондот за Пензиско инвалидско осигурување ПИО, Душан Перовиќ рече дека за исплата на пензиите во Црна Гора месечно се потребни 32 милиони евра, од кои од данок и придонеси на Фондот пристигнуваат 16 милиони, додека остатокот се пополнува од државниот буџет. Тој наведе дека во Црна Гора пред пет години имало 95,5 илјади пензионери, а дека моментално има 123.000.

Париз – Францускиот производител на авиони Ербас објави дека Делта ерлајз, најголема светска авионска компанија, од нив порачала 30 авиони од типот А321 СЕО и 10 авиони А330-300. Во соопштението кое го пренесе францускиот весник Капитал, француската компанија истакна дека се работи за многу значаен историски договор со американскиот авионски превозник, со оглед дека флотата на Делта е со 728 авиони, на 8 април 2013 година, а дека со Ербас не соработувала околу 20 години. Истиот извор потенцира дека Делта ерлајнз сепак користи некои авиони на Ербас, почнувајќи од 2008 по спојувањето со компанијата Нордвест ерлајнс и тоа 126 авиони од типот А320 и 32 авиони од типот А330.

Ниш – Косовските Албанци полека но сигурно го окупираат Ниш бидејќи индиректно станаа сопственици на околу 300 станови во тој град, пишуваат Новости. По големиот број барања за места на живеење, кои ги поднесоа до нишката полиција во текот на 2010, последните години гледаат станови во градот. Новости пишуваат дека Албанците од Косово до сега индиректно станале сопственици на околу 300 станови во Ниш, а во овој бизнис како што наведе весникот, на големо им помагаат Срби, привремено расселени од Косово, кои сега живеат во градот на Нишава.

Москва – Рускиот пазар за автомобили во август стана најголем во Европа, надминувајќи го германскиот, произлегува од податоците на аналитичката агенција Автостат. Во август во Русија се продадени 235.000 до 24.000 автомобили, од кои 13.000 до 15.000 се лесни стопански возила, што го надминува обемот на продажбата во европските земји, објави Автостат. Според проценката на агенцијата, продажбата на автомобили во Германија во август е намалена за 5,5 отсто на 211.044 возила. Како што наведе Здружението на автомобилската индустрија на Германија ВДА, сметајќи на сезонските колебања, резултатот од минатиот месец е на минатогодишното ниво. Во ВДА додадоа дека целта на германскиот пазар на автомобили, кој во јули покажа раст, е да продолжи да се стабилизира. Во август порачките на домашниот пазар се зголемени за 2 отсто.

Берлин – Германскиот фармацевстки концерн Баерн до 2017 година планира да ја зголеми продажбата во Русија за 80 отсто, во однос на 2012 година, на 1,3 милијарди евра. Годишниот раст на продажбата до 2017 година ќе биде 12 отсто. До 2022 година обемот на продажбата на компанијата може да надмине 2 милијарди евра и тогаш Русија би влегла меѓу десетте најголеми пазари на Бајер. Вкупната продажба во Русија лани достигнала 726 милиони евра, пренесе Finmarket.ru. Во првото полугодие оваа година обемот на продажбата на компанијата е зголемен за 12,5 отсто во споредба со претходната година, сметајќи го и движењето на девизниот курс.

Белград – Корпорацијата Тигар од Пирот се повеќе го освојува пазарот на наменската индустрија во Скандинавија. Веќе се договорени испораки на гумени чизми за војската на Финска, Естонија и Шведска, се до 2016 година. – Поради специфичните услови во кои се користат, чизмите мора да ги задоволат многу строгите стандарди на тие земји, како и стандардите на ЕУ, а првите договори веќе се реализирани. Претставници на компаниите од Скандинавија и Армијата престојуваа во Пирот и ги посетија нашите погони, така веќе договоривме соработка, поточно извоз на гумени воени чизми по 2016 година – на конференција за печатот изјави извршниот директор за производство во оваа фабрика Иван Мијалковиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП