26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку се заработува во Германија: Детален список на занимања и месечни плати

Колку се заработува во Германија: Детален список на занимања и месечни плати

Германија отсекогаш била во центарот на интересот на работниците од Балканот. Со оглед на тоа дека оваа земја е во се поголема потрага по работници во последните месеци, се почесто луѓето од целиот Балкан се одлучуваат да работат во Германија, во многу поголем број од порано.

Платите во оваа земја отсекогаш се сметале за добри. Блиц направи детална листа на најбараните занимања и плати во земјата, која важи за една од најсилните економии во Европа, а можеби и во светот.

Споредено со 2019 година, платите во Германија денес се за 26 евра повисоки. Ова е најнискиот годишен раст од 2009 година, но платите се уште се многу повисоки отколку во другите европски земји.

Сите сектори се погодени од кризата. Во производниот сектор платите се намалени за 44 евра, а во угостителството -79 евра. Од друга страна, зголемување на платите има во осигурителниот сектор каде платите се повисоки за 111 евра, како и во здравството и социјалните услуги (плус 80 евра).

Подолу е листа на 100 занимања и плати во Германија:

Негувателка 3.174 евра

Фармацевт 4.546 евра

Архитект 4.122 евра

Доктор 6.337 евра

Медицински асистент 2.496 евра

Оптичар 2.407 евра

Пекар 2.319 евра

Продавач во пекара 1.840 евра

Багерист 3.437 евра

Банкарски службеник 4.990 евра

Градежен инженер 4.999 евра

Професионален возач 2.567 евра

Бизнис економист (текстил) 3.916 евра

Биолог 5.240 евра

Сметководител 3.695 евра

Канцелариски службеник 3.338 евра

Возач на автобус 2.925 евра

Агент во кол-центар 2.161 евра

Хемиско-технички асистент 3.943 евра

Контролор 5.714 евра

Уредник 4.094 евра

Мајстор за покрив 3.140 евра

Диспечер за сцена/филм/телевизија 4.852 евра

Набавувач во продажба 4.734 евра

Референт во малопродажба 2.445 евра

Електричар 3.176 евра

Електромеханичар 3.465 евра

Електронски техничар за уреди и системи 3.465 евра

Рецепционер 1.716 евра

Одгледувач 3.903 евра

Ивент менаџер 3.474 евра

Специјалист за комуникации 3.900 евра

Инструктор по возење 2.930 евра

Раководител на експозитура 4.113 евра

Керамички работи 3.046 евра

Фризер 1.666 евра

Возач на виљушкар 2.679 евра

Монтер за гас и вода 3.122 евра

Чистач на згради 2.105 евра

Графички дизајнер 3.180 евра

Трговец на големо 3.162 евра

Хотелски специјалист 2.117 евра

Домар 2.924 евра

Индустриски службеник 3667 евра

Индустриски механичар 3.871 евра

Информатичар 5.731 евра

Електро инженер 6.300 евра

Судски службеник 3.373 евра

На каса во малопродажба 2.212 евра

Келнер 1.823 евра

Раководител на клучни сметки 5.034 евра

Готвач 2.205 евра

Медицинска сестра 3.645 евра

Молер 2.975 евра

Работник во магацин 2.279 евра

Наставник во основно училиште 4.444 евра

Средношколски професор 5.577 евра

Логистичар 3.525 евра

Логопед 2.714 евра

Заварувач 2.819 евра

Маркетинг специјалист/асистент 3.678 евра

Раководител на маркетинг 4.799 евра

Машински инженер 6.173 евра

Ѕидар 3.214 евра

Техничар за мехатроника 3.304 евра

Медиски дизајнер за слика и звук 2.966 евра

Медицинско-технички лаборант 3.497 евра

Железничар 3.674 евра

Болничар 3.511 евра

Службеник за човечки ресурси 3.927 евра

Физиотерапевт 2.588 евра

Пилот над 6.450 евра

Психолог 4.626 евра

ПР менаџер 4.520 евра

Програмер 4.634 евра

Правник помошник 2.640 евра

Уредник 4.366 евра

Персонал за чистење 1.911 евра

Бродомеханичар 3.798 евра

Ковач 3.053 евра

Секретар 3.338 евра

Обезбедување 1.800 евра

Златар 2.416 евра

Софтвер дивилопер 5.195 евра

Социјален работник 3.987 евра

Службеник за социјално осигурување 4.160 евра

Шпедитер 3.275 евра

Даночен службеник 2.856 евра

Градежник на патишта 3.463 евра

Систем администратор 4.750 евра

Технички цртач 3.368 евра

Помошник за заштита на животната средина 3.569 евра

Продавач 2.445 евра

Мониторинг на сообраќај 3.430 евра

Референт за осигурување 4.695 евра

Административен референт (висока позиција) 4.543 евра

Механичар 3.755 евра

Овластен сметководител над 6.450 евра

Забен техничар 2.590 евра

Столар 3.189 евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП