20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMSat TV ја збогатува својата понуда, Bloomberg Adria и Tring каналите отсега...

MSat TV ја збогатува својата понуда, Bloomberg Adria и Tring каналите отсега достапни

Разновидната понуда на телевизиски канали и содржини на сателитската телевизија на Мтел, MSat TV станувa побогата за нови шест телевизиски канали.

Постојните и нови корисници отсега ќе може да уживаат во содржините на Bloomberg Adria, новата информативна телевизија која што на гледачите им ги презентира најновите ексклузивни вести за бизнисот, информации поврзани со светската економија, но и последните новости поврзани со регионот

Нови возбудливи содржини за љубителите на квалитетната телевизиска продукција на корисниците на Plus и Max пакетите на MSat TV им носат други пет канали HGTV, и канали на албански јазик – Tring Tring, Tring Action, Tring Comedy, Vizion Plus.

„Мтел е во постојана потрага на квалитетни телевизиски канали кои што можеме да ги направиме дел од нашата понуда и да останеме верни на обврската кон нашите корисници дека користејќи ги нашите услуги секогаш ќе имаат пристап од врвна телевизиска содржина која што ќе ги задоволи сите вкусов и различни потреби на претплатниците на MSat TV“, велат од компанијата.

MSat TV е достапна било каде во Македонија и нејзин корисник може да станете многу едноставно  со повик на телефонскиот број 15010, преку веб страна www.mtel.mk, при посета на продажниот салон на Мтел на улица Македонија во Скопје или преку мрежата на овластени претставништва ширум државата.

Во тек е и промотивна понуда – 12 месеци 50 отсто помала претплата, три месеци сите вклучени канали и само еден денар за приклучок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП