20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Inditex“ инвестира во стартап за рециклирање на текстил

„Inditex“ инвестира во стартап за рециклирање на текстил

Матичната компанија на „Zara“ – „Inditex“, инвестира во стартап за рециклирање текстил заедно со американскиот милијардер Бил Гејтс, додека модниот гигант се обидува да преземе поактивна улога во одржливоста во секторот, пишува „MarketWatch“.

Извршниот директор на шпанската групација Оскар Гарсија Макеирас на годишното генерално собрание ја претстави инвестицијата во стартапот „CIRC“. „Inditex“ ќе преземе удел во „CIRC“ за необјавена сума, рече Макеирас.

„CIRC“ е иновативен стартап кој „се справува со еден од најголемите предизвици со кои се соочува текстилната индустрија“, конкретно со рециклирање на производи составени од различни мешавини на влакна, се вели во соопштението на „Inditex“ по генералниот состанок. Технологијата на компанијата има за цел да генерира нови одржливи влакна кои ќе се користат во производството на текстил, изјави сопственикот на „Zara“ и други модни брендови.

Меѓу партнерите на „CIRC“, со седиште во Данвил, Вирџинија, е „Breakthrough Energy Ventures“, која е инвестициска мрежа управувана од Бил Гејтс.

Покрај „Inditex“, меѓу другите партнери на „CIRC“ се и модниот бренд „Patagonia“ и индустриската групација „Fashion for Good“, фокусирана на одржливост.

Инвестицијата првично беше направена од центарот за одржливи иновации на групацијата, соопшти „Inditex“.

„Преку оваа шема, „Inditex“ го споделува своето знаење и позиција за да го забрза создавањето решенија кои ја промовираат кружноста на бизнис моделот“, велат од компанијата.

Претходно оваа година, „Inditex“ соопшти дека склучил договор за купување ткаенини направени од рециклиран текстил од финската компанија „Infinited Fiber Company“.

Како дел од договорот, кој се проценува на повеќе од 100 милиони евра, „Inditex“ ќе купи 30% од годишното производство на „Infinna“ на „Infinited Fiber“, ткаенина направена од рециклирана облека, почнувајќи од 2024-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП