28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПрезентиран уникатен телефон - „Nothing“ (ВИДЕО)

Презентиран уникатен телефон – „Nothing“ (ВИДЕО)

Вчера компанијата „Nothing“ го претстави својот прв смартфон, едноставно наречен – „Nothing phone“ (1). Телефонот на прв поглед се разликува од другите телефони и секако е еден од поинтересните на пазарот.

„Nothing phone“ (1) е опремен со 6,55-инчен OLED екран со резолуција од 1080 x 2400 пиксели. Стапката на освежување на екранот е високи 120 Hz, а максималната осветленост е 1200 nits. Заштитен е со „Gorilla Glass 5“. Под екранот има скенер за отпечатоци. Рамката на телефонот е изработена од рециклиран алуминиум.

На задната страна, овој телефон има две камери – 50MP f/1.8 Sony IMX 1/1.56″ главен сензор со OIS поддршка и 50MP f/2.2 Samsung JN1 ултра широк сензор со видно поле од 114 степени. Предната камера се наоѓа во горниот лев агол, а се работи за сензор од 16MP Sony IMX471.

Под куќиштето на телефонот, кое е проѕирно, се наоѓа батерија со капацитет од 4500mAh со поддршка за брзо полнење од 33W, безжично полнење од 15W и обратно полнење од 5W. Полначот не доаѓа во кутијата со телефонот, така што ќе треба да го купите посебно за 35 евра (45W). „Nothing phone“ (1) нема IP53 сертификат.

Телефонот има и LED диоди „Glyph interface“, кои се поставени на функционалните делови на уредот, за да можат да ви прикажуваат релевантни информации, како што е индикатор за напредок кога правите реверзибилно полнење, а исто така се синхронизираат со вградените мелодии.

Телефонот се напојува со чипсет Snapdragon 778G+. Се испорачува со Android 12 и Nothing OS (1). Клучот на софтверот е доверливоста и се наведува дека нема да има никакви проблеми во работењето. Компанијата ветува три главни надградби на Android и четири години безбедносни надградби на секои два месеци.

Цената на „Nothing phone“ (1) е 469 евра за верзијата со 8/128GB, 499 евра за верзијата со 8/256GB и 549 евра за верзијата со 12/256GB.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП