8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Газпром“ подготвува „кошмар“: „По поправките, Северен тек нема да функционира нормално...“

„Газпром“ подготвува „кошмар“: „По поправките, Северен тек нема да функционира нормално…“

Германските медиуми пишуваат дека ќе има гасен кошмар откако ќе истече планираната десетдневна поправка на Северен тек, клучниот гасовод преку кој Русите го доставуваат овој енергенс во Западна Европа, која започна во понеделникот.

Не можеме да гарантираме нормално функционирање на Северен тек. Причината се нејаснотии околу статусот на турбината на Сименс, која се поправаше во Канада, но нејзиното враќање во Европа беше одложено поради санкциите на Канада против Русија. Отава изврши притисок врз ЕУ, па беше дозволено враќање на турбината, се вели во соопштението за печатот на рускиот енергетски гигант Газпром, кое го пренесе Билд.

Русија како главна причина за намалената испорака на гас преку Северен тек го наведе сервисирањето на оваа турбина, а ремонтот, кој започна во понеделникот, не е поврзан со оваа турбина.

-Газпром нема никаква документација од која би се покажало дека Сименс може да ја извезе турбината од Канада, каде што моментално се поправа. Во такви околности, се чини невозможно да дојдеме до објективен заклучок за натамошниот развој на ситуацијата во однос на безбедното работење на компресорската станица Портоваја, што е од критично значење за функционалноста на Северен тек, се наведува во соопштението за печатот на Гаспром.

Канада претходно најави дека ќе ја изземе поправената турбина од санкциите наметнати на Русија со доделување временски ограничена дозвола за враќање на поправената турбина. Таа требаше да биде инсталирана во гасоводот Северен тек 1 и да обезбеди пристап на Европа.

Во средата Унгарија прогласи енергетска криза и најави дека ќе го зголемат производството пред зимскиот недостиг и ќе го блокираат извозот на одредени енергетски производи.

Како што јави РТ, тие прогласија кризна состојба поради намалените залихи на енергија, а ќе го зголемат производството на јаглен и домашен гас за да ги наполнат магацините пред зимата.

Помошникот на Орбан Гергели Гуљас рече дека Европа веројатно нема да има доволно гас оваа есен и зима додека се ослободува од зависноста од руските енергетски извори, поради што Унгарците денеска го објавија својот план од седум точки.

Ќе го зголеми производството на гас од 1,5 на 2 милијарди кубни метри, но и ќе ги наполни сопствените складишта со странски гас. Во моментов нивните магацини се полни 44 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП