19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Xiaomi“ ќе лансира смартфон со џиновска камера

„Xiaomi“ ќе лансира смартфон со џиновска камера

Нѐ делат само неколку дена од моментот кога на пазарот ќе се појави првиот смартфон со камера од 200 мегапиксели.

Тој ќе биде дело на „Motorola“, која веќе во мај ги објави своите планови да биде пионер во овој поглед.

Смартфонот на компанијата се очекува во текот на јули.

И уште еден лидер на пазарот – „Xiaomi“, подготвува модел со истата гигантска камера. Уредот ќе припаѓа на средната класа.

Според публикацијата на изданието „Xiaomiui“, паметниот телефон ќе се појави многу наскоро. Се разбира, под еден услов – камерата да ги исполни очекувањата на програмерите.

Постои голема веројатност дека сензорот на „Samsung“ ќе биде поставен во паметните телефони на „Motorola“ и „Xiaomi“. Во оваа фаза, портфолиото на Јужнокорејците вклучува два сензори со по 200 MP – тоа се „ISOCELL HP1“ и „ISOCELL HP3“.

„Omnivision“ подготвува и паметен телефон со еден од нив. Сепак, неговата премиера е планирана за почетокот на 2023-та година.

Треба да ве потсетиме дека ефектот со висока резолуција е постигнат со помош на технологијата за поврзување на пиксели. Овозможува 16 соседни пиксели да се спојат во еден во исто време. Во теорија, ова овозможува да се сними повеќе светлина, што е исклучително важно за создавање фотографии при слаба осветленост.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП