24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Lego“ се повлекува од рускиот пазар

„Lego“ се повлекува од рускиот пазар

„Lego“, данската компанија за играчки, објави дека ќе престане со работа во Русија на неодредено време.

Компанијата престана да испорачува производи во Русија во март оваа година по инвазијата на таа земја на Украина, но нејзините продавници останаа отворени бидејќи повеќето ривалски трговци на мало се повлекоа од рускиот пазар.

Компанијата „Lego“ објави дека ќе го прекине партнерството со „Inventive Retail Group“, која има 81 продавница на „Lego“ во Русија, но не наведе експлицитно дека решиле да го сторат тоа поради руската инвазија на Украина.

„Кога „Lego Group“ ги прекина испораките во Русија на почетокот на март, ние исто така ги прекинавме сите комерцијални активности и ги испративме речиси сите наши вработени на продолжен одмор“, рече портпаролката на „Lego“.

Исто така, беше објавено дека компанијата отпушта поголем дел од својот тим од својата канцеларија во Москва и дека „Lego“ обезбеди пакети финансиска помош за 70 вработени за да ги поддржи додека бараат нови деловни можности.

„Lego“ е еден од ретките западни брендови кои останаа во Русија откако другите големи компании престанаа со работа. За разлика од многу компании кои ја осудија Русија, „Lego“ одлучи директно да не ги коментира надворешнополитичките активности на земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП