19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКолкав профит очекува „American Airlines“ во вториот квартал?

Колкав профит очекува „American Airlines“ во вториот квартал?

„American Airlines“ очекува да објави профит од приближно 1 милијарда американски долари, што е првиот квартал на американскиот авиопревозник во плус без владина поддршка од избивањето на пандемијата.

Авиокомпанијата со седиште во Далас очекува приход од 13,4 милијарди долари во вториот квартал, што е за 12 отсто повеќе од истиот период во 2019-та година, со помалку летови, соопшти компанијата во вторникот. Во меѓувреме, трошоците се очекува да бидат околу 12,4 милијарди долари, пишува „Financial Times“.

Двата претходни квартали, во изминатите две години, за време на посилниот бран на Ковид-19 беа технички профитабилни поради владините програми за поддршка на платите.

Достапните „милји за седишта“, важна индустриска метрика што се користи за мерење колку летала една авиокомпанија, се прогнозира да биде 66,2 милијарди, или 91,5 проценти од кварталот јануари-март 2019-та година, додека вкупниот приход по „милја седишта“ се зголеми за 22,5 проценти.

Се предвидува сметка за гориво од приближно 4 милијарди долари бидејќи се користеле 997 галони гориво по цена на авионско гориво од 4 до 4,05 долари за галон, што е повеќе од претходните насоки од 3,92 до 3,97 долари за галон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП