Светската цена на нафтата би можела да порасне за 40 отсто, или околу 140 долари за барел, доколку не се прифати предложената горна граница за цената на руската нафта, заедно со исклучоците од санкциите кои ќе овозможат испораки под таа цена, изјави висок претставник на американското Министерство за финансии.
Американската министерка за финансии Џенет Јелен ќе разговара за спроведувањето на предложениот плафон за цената на нафтата со јапонскиот министер за финансии, Шуничи Сузуки, кога ќе се состанат во вторник, рече претставникот.

