28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАSony ги објави цените за SmartWatch2

Sony ги објави цените за SmartWatch2

sonysw1

„Sony“ во јуни го претстави својот „SmartWatch2“ со најава дека тој ќе биде достапен во септември, но во таа прилика цените не беа познати. Компанијата сега изјави дека часовникот ќе биде достапен на крајот на септември, а воедно ги објави и неговите цени.

„Sony“ ќе го понуди часовникот со силиконски ремен за цена од 179 евра и часовникот со ремен од нерѓосувачки челик за цена од 199 долари.

Силиконските ременчиња во различни бои одделно ќе чинат 19 евра.

Засега се чини дека „SmartWatch2“ ќе биде достапен само во Европа, бидејќи „Sony“ не го објави неговото појавување во Северна Америка.

За разлика од својот претходник, новиот уред има поголем екран од 1,6 инчи со резолуција од 220 х 176 пиксели.

„SmartWatch2“ поседува поддршка за „NFC“ и „BT3“ и многу лесно може да се поврзе со секој Андроид уред од 4,0 па нагоре.

Кога станува збор за батеријата, „Sony“ тврди дека „SmartWatch2“ може да преживее 4 дена доколку умерено се употребува, а 7 дена доколку штедливо се употребува.

Со помош на бројни апликации „SmartWatch2“ може да биде користен и како камера, преку него можете да ги проверите мејловите дури и кога не сте поврзани со телефонот или можете да управувате со вашите презентации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП