4 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАВашиот страв претворете го во предизвик

Вашиот страв претворете го во предизвик

predizvik1

Понекогаш, основите ризици со кои се среќавате како сопственик на мал бизнис можат да бидат многу по застрашувачки од најстрашните демони од темните улици. Повеќето стравови имаат елемент на соочување со непознатото, вели Џонатан Филдс, претприемач и автор на „Turning Fear and Doubt into Fuel for Brilliance“.

Тој страв може да стане бариера, држејќи ве на дистанца од промени кои можат да ви се исплатат на долг рок, или може да стане мотивирачка сила, острење на сетилата и подобрување на перформансите. Ризикот од губење, несигурност, како и изложеност на пресуда се “трите коњаници на стравот”, вели тој.

Филдс ги нуди следниве три чекори за да започнете да го користите стравот како алатка да мотивирате иновација и раст:

1. Расветлете ги вашите митови. Погледнете во големите претпоставки кои предизвикуваат страв. Бидете јасни што ве плаши и идентификувајте ги основните верувања што ве предизвикуваат да размислувате на тој начин.

Можеби рецесијата ве натерала да штедите многу пари за некој програм или не сте наколнети кон промени. Да го разберете коренот на стравовите е првиот чекор да се одреди дали се тие базирани на реалност или песимизам.

2. Лазете напред по малку. Можеби не сте запознаени со потенцијалите на новиот пазар или се плашите дека купувачите нема да ги сакаат вашите напори за новиот бренд. Направете листа на чекори што можат да се превземат за да се намали ризикот. Тестирајте ги концептите на брендот со фокус групата за да добиете повратни информации.

Научете повеќе за потенцијалниот пазар со одење на индустриска конференција или плаќање консултант за некои совети. Одвојте малку од буџетот за пилот програмата за нови вложувања, наместо да ризикувате многу пари со одмотување на нејасни претчуства.

3. Барајте духови. Како што вашата компанија започнува да чекори, пратете ги резултатите. Дали одговорот на вашите акции е позитивен или негативен. Ако е позитивен, се движите напред. Ако вашите стравови се покажат точни, променете го курсот. Не заглавувајте се во она што мислат другите, освен ако тоа не се купувачите, вели тој.

Како што ќе ја повторувате оваа вежба со вашите стравови, Филдс вели дека тоа ќе стане природен одговор на стравот. Со практиката, ќе станете помалку плашливи од големите закани и ќе бидете повеќе во склад со мерливите ризици кои би можеле да соберат големи награди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП