23 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМаск објави меме - се смее на најавената тужба на Твитер

Маск објави меме – се смее на најавената тужба на Твитер

Милијардерот Илон Маск во неделата доцна навечер објави фотографии од неговата реакција на најавата на менаџментот на Твитер дека ќе го тужат и ќе го принудат да го заврши преземањето на компанијата во вредност од 44 милијарди долари.

Воздржувајќи се од какви било зборови, шефот на Tesla и SpaceX објави на Твитер меме на кој се насмевнува со натписи во кои се раскажува редоследот на настаните околу неговата понуда за преземање на Twitter во последните неколку месеци.

Фотографиите од насмеаниот Маск се проследени со натписи: „Тие рекоа дека не можам да го купам Твитер“, потоа: „Нема да објавуваат информации за ботови“, потоа: „Сега сакаат да ме принудат да го купам Твитер преку суд“, и последното, кое илустрира како „пука од смеење“ пишува: „Сега на суд ќе треба да ги откријат информациите за ботовите“.

Целото меме го покажува безгрижниот однос на најбогатиот човек на светот во однос на сложената и скапа зделка за купување на Твитер, што се одрази со падот на акциите на „Тесла“ и поради што во неколку наврати се прибегна кон привремено финансирање.

Маск најпрво се согласи да го купи Твитер по цена од 54,20 долари по акција кон крајот на април, откако се здоби со значителен удел во компанијата што ја зголеми цената на акциите. Подоцна го изрази своето незадоволство од договорот за преземање, тврдејќи дека Твитер не успеал да открие важни информации, како што е специфичниот број на лажни сметки и спамови.

„Раководството на Твитер е посветено на затворање на трансакцијата по цена и услови договорени со г-дин Маск и планира да покрене правна постапка за спроведување на договорот за спојување“, напиша во петокот извршниот директор на Твитер, Брет Тејлор.

Акциите на Twitter се тргуваа по 36,81 долари во петокот, или една третина под договорената цена за преземање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП