1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцуска прогноза: Целосен прекин на снабдувањето со руски гас е реална можност...

Француска прогноза: Целосен прекин на снабдувањето со руски гас е реална можност и најверојатното сценарио!

Француските власти се подготвуваат за целосно прекинување на испораките на гас од Русија, изјави министерот за финансии на земјата, Бруно Ле Мер, кој смета дека целосен прекин на снабдувањето е „најверојатното сценарио“.

„Мислам дека целосното прекинување на испораките на руски гас е реална можност… и ние мора да се подготвиме за ова сценарио“, рече Ле Мер. „Би било целосно неодговорно да се игнорира ова сценарио“, додаде тој.

Според министерот, првата линија на одбрана е домаќинствата и бизнисите да ја намалат потрошувачката на енергија, а потоа да се изгради нова инфраструктура како што е пловечка постројка која ќе може повторно да ги гасифицира пратките на течен природен гас (ЛНГ) од странство.

Француската влада веќе интензивно подготвува планови за вонредни состојби и покрај фактот што нацијата е помалку зависна од рускиот гас отколку другите европски земји. Околу 17% од гасот за Франција доаѓа од Русија.

Минатата недела, истражувањето на Центарот за истражување на енергија и чист воздух (CREA) откри дека Франција е најголемиот светски увозник на руски течен природен гас во 2022 година. Податоците покажаа дека краткорочните набавки на ЛНГ, сурова нафта и нафтени деривати вределе околу 900 милиони евра во периодот април-мај.

На почетокот на овој месец, Nord Stream AG, поврзана со Гаспром, соопшти дека ќе го затвори гасоводот Северен тек 1, главниот гасовод, на десет дена поради планираното годишно одржување. Операторот истакна дека суспензијата е претходно договорена со сите партнери.

Минатиот месец рускиот енергетски гигант ја намали количината на гас што и се испорачува на Германија за 60% поради оперативни проблеми предизвикани од неможноста навреме да се врати сервисирана турбина од Канада.

Канада соопшти дека ќе и ја врати поправената турбина на Русија, на незадоволство на Украина, која ја обвини Отава дека „се приспособува на каприците“ на Москва.

Канада соопшти дека ќе ја изземе поправената турбина од санкциите наметнати на Русија поради нејзината агресија врз Украина со доделување „временски ограничена и отповиклива дозвола“ за враќање на поправената турбина, која треба повторно да се инсталира во гасоводот Северен тек 1, овозможувајќи и на Европа, а пред сè на Германија, да обезбедат сигурен пристап до енергенсот со доаѓањето на зимата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП