20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМногумина не знаат дека ова е симптом на срцев удар - ако...

Многумина не знаат дека ова е симптом на срцев удар – ако го видите ова на вашите нозе, веднаш одете на лекар

Срцевите заболувања се водечка причина за смртност во Македонија – од нив годишно умираат стотици луѓе кај нас.

И покрај високата преваленца на овие болести, повеќето луѓе ја поврзуваат срцевата болест со некои од најочигледните симптоми, како што е болката во градите, додека не знаат за некои помалку познати симптоми.

Едем

Кога водата се акумулира во нозете и стапалата, тоа во медицинска смисла се нарекува периферен едем. Најлесно се препознава по тоа што по носењето чорапи остануваат траги на зглобот, а експертите предупредуваат дека едемот, односно отокот може да биде знак за срцева слабост – кога срцето не пумпа крв како што треба, течност од крвните садови може да истече во околните ткива и да доведе до оток, пренесува Објектив.

Едемот најчесто се јавува на нозете и стапалата, глуждовите, поради гравитацијата.

Сепак, важно е да се нагласи дека повеќето луѓе кои имаат периферен едем немаат срцеви заболувања, иако е важно да се направат медицински тестови бидејќи тоа може да биде знак за проблеми со срцето.

Едемот или отокот може да бидат предизвикани од различни нешта, од кои многу се привремени и целосно безопасни. На пример, отекување на нозете за време на бременоста или отекување на рацете и нозете за време на авионски лет поради задржување на водата е вообичаено.

Постојаните проблеми со едемот, сепак, може да бидат знак дека вашето срце не работи правилно, велат експертите. Како една од посериозните причини за периферен едем, тие наведуваат конгестивна срцева слабост, односно состојба кога срцето е премногу слабо за ефикасно да пумпа крв.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП