25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Газпромбанк“ ја продава својата швајцарска подружница?

„Газпромбанк“ ја продава својата швајцарска подружница?

Руската „Газпромбанк“ во петокот објави дека ја разгледува иднината на својата швајцарска филијала, додавајќи дека меѓу опциите е вклучена и продажба.

Банката преку соопштение за медиумите соопшти дека очекува да заврши стратегиската проценка до крајот на септември. Таа ги повика заинтересираните инвеститори веднаш да контактираат со нејзините претставници.

Во пазарните кругови меѓу можните потенцијални купувачи на швајцарската филијала на „Газпромбанк“ се споменуваат трговци со стоки, наведува агенцијата „ДПА“.

Според податоците од официјалната веб-страница, швајцарската филијала на „Газпромбанк“ имала 84 вработени на крајот на 2020-та година и управувала со имот во вредност од 1,8 милијарди швајцарски франци (1,84 милијарди долари).

Компанијата оттогаш беше исфрлена од Швајцарската банкарска асоцијација, во согласност со меѓународните санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина.

Недолго потоа, агенцијата „Fitch“ го намали кредитниот рејтинг на швајцарската филијала на „Газпромбанк“ од „БББ“ на „Б-“, потсетува агенцијата ДПА, која купувањето на нејзините должнички хартии од вредност го класифицира во категоријата шпекулации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП