22 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДенес, „TSMC“ произведува 70% од сите чипови за смартфони во светот

Денес, „TSMC“ произведува 70% од сите чипови за смартфони во светот

„Taiwan Semiconductor Manufacturing Company“, или скратено „TSMC“, продолжува да биде на самиот врв во светското производство на полупроводници за паметни телефони според последното истражување на „Counterpoint“ за првиот квартал од оваа година. Сепак, како што пренесува „GSMArena“, ситуацијата не е баш идеална на сите полиња.

Така, компанијата „TSMC“ беше водечки производител на полупроводници во светот во периодот од јануари до март тековната година според најновото истражување на „Counterpoint“. Во текот на првиот квартал од 2022-ра година, „TSMC“ контролираше 69,9% од пазарот на „AP“ („процесор за апликации“), „SoC“ („систем на чип“) чипови и модеми за мобилни телефони. На второ место се производствените капацитети на „Samsung“ со 30%. удел на пазарот.

Според главниот аналитичар, Парв Шарма, „TSMC“ и „Samsung“ го контролираат целиот овој сегмент, но очигледно е дека една компанија има повеќе од двојно поголем удел на пазарот и производствен капацитет. „TSMC“ ќе продолжи да инвестира над 100 милијарди долари до 2023-та година за развој на производствените капацитети за процеси од 4 и 3 нанометри и дополнително да го зголеми производството на решенија од 5 и 28 нанометри за да ги задоволи растечките барања на пазарот. Да потсетиме, оваа компанија пред дваесетина дена официјално го претстави својот производствен процес од 2 nm.

На глобално ниво, истражувањето на „Counterpoint“ покажува дека пазарот на мобилни чипсети доживеа пад од 5% во споредба со истиот период од минатата година. Но, и покрај ова, остварените приходи се повисоки за 23%, што само говори во прилог на општиот пораст на цените во сите сегменти од животот.

Исто така, „TSMC“ изгуби 9% од пазарниот удел на мобилни чипсети произведени во нивните фабрики, што значи дека „Samsung“ сè уште претставува закана и покрај огромната разлика во вкупниот удел на пазарот. Ова се должи на послабата побарувачка за „MediaTek“ чипови и одлуката на „Qualcomm“ да го префрли производството на своите X60 чипови во капацитетите на „Samsung“.

Овој благ пад на уделот на пазарот најверојатно ќе се промени подоцна во текот на годината бидејќи „Qualcomm“, „MediaTek“ и „Apple“ ќе ги користат производствените процеси на „TSMC“ од 4 нанометри за производство на нивните процесорски решенија, првенствено „Snapdragon 8+ Gen 1“. Заканата од „Samsung“ може да се претвори во краткотрајна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП