25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГотово е или само што почнува? Маск се откажа од купување на...

Готово е или само што почнува? Маск се откажа од купување на Твитер, од Твитер не прифаќаат „не“

Илон Маск конечно ги оствари „заканите“ кои ги најавуваше и објави дека ја повлекува понудата вредна 44 милијарди долари за купување на Твитер.

Како причина за неговото повлекување ги наведе повеќекратните прекршувања на договорот за преземање.

Оваа објава става крај на долгогодишната сага откако Маск, моментално најбогатиот човек на светот, реши да го купи Твитер во април.

Маск се повлече од договорот бидејќи таа компанија не обезбеди доволно информации за бројот на ботови и лажни сметки.

Бизнис магнатот сега се соочува со отштета од 1 милијарда долари поради кршење на договорот и можна тужба поради откажување.

Твитер твита поинаква порака

Претседателот на управниот одбор на компанијата Твитер, Брет Тејлор, во твит рече дека тие се уште се посветени на затворање на трансакцијата под условите што ги нуди Маск и планираат легално да го продолжат процесот. Исто така, додаде тој, тие се убедени во победата пред судот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП