4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDaikin Europe инвестира 300 милиони евра во новата полска фабрика за топлински...

Daikin Europe инвестира 300 милиони евра во новата полска фабрика за топлински пумпи

Брисел, 7 јули 2022 година – Daikin Europe N.V. објави дека ќе инвестира 300 милиони евра за основање нова фабрика во Лоѓ, Полска, којашто ќе биде првата производствена база на Daikin во земјата. Покрај постоечките европски производствени бази во Белгија, Чешка и Германија, и новата фабрика ќе произведува станбени топлински пумпи и ќе започне со работа во јули 2024 година. Овие инвестиции се дополнување на оние 840 милиони евра утврдени во стратешкиот план за управување на Daikin Europe, FUSION 25, објавен минатата година, и на новите инвестиции во постоечките фабрики. Со ова, вкупната инвестиција на Daikin Europe ќе достигне над 1,2 милијарди евра до 2025 година.

Daikin смета дека Европа е регион со висок приоритет каде може да се прошири бизнисот за греење со топлински пумпа во FUSION 25. Тошитака Цубоучи, претседател на Daikin Europe вели: „Како водечка компанија на европскиот пазар за греење со топлински пумпи, Daikin го прифаќа предизвикот да ја олесни општествената транзиција од употреба на котли за фосилни горива во употреба на топлински пумпи. За таа цел, ги зајакнувавме нашите можности за развој на производи и услуги, а сега одлучивме да отвориме нова фабрика во Полска. Оваа фабрика ќе има најголем капацитет во групацијата Daikin Europe во однос на производство на топлина со топлинска пумпа. Со оваа инвестиција имаме за цел да постигнеме пазарен удел кој ќе биде бр. 1 во сите поголеми земји“.

Хиромицу Ивасаки, потпретседател на Daikin Europe вели: „Го прошируваме нашиот производствен капацитет преку капитални инвестиции и зголемено вработување во нашите постоечки фабрики за топлински пумпи во Европа. Одлуката да се основа оваа целосно нова фабрика во Полска покажува дека Daikin реагира решително на забрзаната побарувачка во Европа. Полска е земја со голем број квалификувани работници, а новата фабрика ќе вработи 1 000 лица до 2025 година. Нашите заложби ќе ни овозможат да произведуваме 4 пати повеќе од сегашниот обем до 2025 година и да создадеме производствен систем со стабилно снабдување на брзорастечкиот пазар. Со оваа нова фабрика ја продолжуваме нашата стратегија за близина, што значи дека сите производи за греење што се продаваат во Европа исто така и се произведуваат во Европа.

Во текот на изминатата деценија, европскиот пазар на греење со топлински пумпи растеше со брзо темпо, проширувајќи се до над 1 милион продадени единици годишно во 2021 година. Патрик Кромбез, генерален директор на Daikin Europe Heating and Renewables вели: „Со Зелениот договор на ЕУ, европските лидери дефинираа јасен пат за Европа да стане климатски неутрален континент до 2050 година. Следниот пакет Fit for 55, како и најновиот план REPowerEU, ја зголемуваат брзината на дејствување за намалување на емисиите и зависноста од фосилните горива во Европа. Топлинските пумпи играат клучна улога во остварувањето на овие амбиции, така што очекуваме широко усвојување на топлински пумпи во наредните години. До 2025 година, се очекува да се инсталираат најмалку 3 милиони топлински пумпи за греење секоја година, што претставува годишна стапка на раст од околу 30 %. Очигледно, со Daikin имаме за цел повторно да го потврдиме нашето лидерство со инвестирање за иднината.“

*****

За Daikin

Воздухот е суштински за нашето постоење. Мисијата на Daikin’ отсекогаш била да направи воздухот што го дишеме и со кој живееме да биде најдобар. Нашите иновативни производи и решенија се дизајнирани да го подобрат здравјето и добросостојбата на луѓето, како и да го намалат влијанието на греењето и ладењето врз животната средина. До 2050 година, Daikin има за цел да биде јаглеродно-неутрална компанија низ целиот синџир на вредности, како и низ целиот животен циклус на нејзините производи и решенија.

Daikin Europe N.V.

Daikin Europe N.V. е подружница на Daikin Industries Ltd. и водечки снабдувач на технологија за греење, ладење, вентилација, прочистување на воздухот и фрижидери. Компанијата дизајнира, произведува и нуди широко портфолио на опрема на пазарот, како и приспособени решенија за станбени, комерцијални и индустриски цели во Европа, Блискиот Исток и Африка. До денес, Daikin Europe N.V. има над 12 000 вработени во повеќе од 65 објекти. Има 12 главни производствени капацитети во Белгија, Чешка, Германија, Италија, Шпанија, Турција, Австрија и Обединетото Кралство. Седиштето на групацијата Daikin Europe е во Белгија, Остенде. Компанијата е основана во 1972 година, а производството во Европа започнало во 1973 година.

Снабдувач на комплетно решение за греење, ладење, вентилација и фрижидери

Daikin Europe може да се потпре на силна мрежа од инсталатери и партнери ширум регионите каде што дејствува, благодарение на речиси 50 години деловен развој на иновативни и енергетски-ефикасни системи за климатизација.

До денес, компанијата Daikin Europe е исто така лидер на пазарот на топлински пумпи во Европа и добро позната по хидроничните топлински пумпи Daikin Altherma за приватно греење, кои ги воведе прва во 2006 година. Заради големата побарувачка за греење со ниско ниво на јаглерод во Европа, овие топлински пумпи се произведуваат во белгиските, чешките и германските фабрики во Европа. 

Во последниве години, Daikin Europe додаде комплетни решенија за ладниот синџир на набавка за своите деловни линии. Покрај сопствените иновации за разладување, компанијата го прошири своето портфолио и мрежа преку неколку аквизиции.  Во 2016 година, Daikin Europe N.V. го купи Zanotti, италијански производител на индустриски и транспортни фрижидери. Во 2017 година, Hubbard (Обединетото Кралство) беше интегрирана во групацијата, а набрзо потоа и Tewis Smart Systems (Шпанија). Најновата аквизиција за зајакнување на целосниот асортиман за малопродажен ладен синџир на набавка беше глобалната групација за фрижидери AHT Cooling Systems GmbH, со седиште во Австрија.

Daikin Industries Ltd.

Daikin Industries Ltd. со седиште во Осака, Јапонија, има околу 89 000 вработени ширум светот и постигна продажба од 23,7 милијарди евра во финансиската година 2021 (1 април 2021-31 март 2022). Компанијата е лидер на глобалниот пазар на топлински пумпи и системи за климатизација, како и за прочистување на воздухот. Daikin Industries Ltd. е единствениот производител на клима-уреди во светот кој ги развива и произведува сите важни компоненти како што се разладни средства, компресори и електроника во рамките на компанијата.

Алмакос Клима ДООЕЛ

Компанијата Алмакос Клима ДООЕЛ е основана на 12.02.2012 год. со седиште во Гостивар како официјален претставник и агент за продажба за DAIKIN AIRCONDITIONING CENTRAL EUROPE за териториите на Албанија, Македонија и Косово.

Дознајте повеќе на www.daikin.mk и www.daikin.com

Контакти за медиуми на Daikin Europe N.V. или Алмакос Клима како официјален продажен агент за Северна Македонија

Иван Исаиловски – Маркетинг координатор за Албанија, Северна Македонија и Косово.

(Македонски/Англиски) ТЕЛ: +38978347410  Е-пошта: [email protected]

Даисуке Какинага – Менаџер за корпоративни комуникации

(Јапонски/Англиски) ТЕЛ.: +32 465 462 321  Е-пошта: [email protected]

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП