29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Volkswagen“ го претстави новиот „Amarok“ (ФОТО/ВИДЕО)

„Volkswagen“ го претстави новиот „Amarok“ (ФОТО/ВИДЕО)

„Volkswagen“ официјално ја претстави втората генерација на својот пикап „Amarok“. Автомобилот добива многу нови функции и системи за помош на возачот, како и стилскиот изглед.

Германците се надеваат дека втората генерација на „Amarok“ ќе стане попопуларна од првата генерација која продаде повеќе од 830.000 примероци.

Креаторите на моделот уверуваат дека не станува збор за длабока модернизација на стариот модел, туку за целосно нов автомобил.

Тој е 96 mm подолг од неговиот претходник (сега 5.350 mm), а меѓуоскиното растојание порасна за 173 mm (на 3.270 mm). Подобрени се и теренските способности, со тоа што пикапот сега може да помине длабочина до 800 mm (од претходните 500 mm).

Автомобилот ќе се произведува во две верзии – со двојна кабина со 4 врати (DoubleCab) и со единечна кабина со две врати (SingleCab), при што „Volkswagen“ го позиционира како премиум пикап. Затоа, во кабината можете да видите големи убави екрани со дијагонала од 8 до 12 инчи, во зависност од нивото на опрема. Покрај тоа, автомобилот е опремен со над 20 системи за помош на возачот, музички систем „Harman Kardon“, електрично прилагодување на седиштата и многу повеќе.

Благодарение на зголемувањето на меѓуоскиното растојание и должината, се зголеми и товарниот капацитет на пикапот. На пример, моделот со една кабина може да собере две евро палети одеднаш, а максималната носивост е зголемена на 1,6 тони. Списокот со опции повторно ќе вклучува тврд покрив над товарниот простор, што му дава на „Amarok“ изглед на „SUV“.

Пикапот ќе се нуди со 2,0-литарски дизел мотор со 150 ks, 170 ks или 204 ks, a на врвот на гамата е 3,0-литарски V6 дизел кој ќе произведува 241-250 ks во зависност од пазарот. Заедно со моторите со моќност над 170 ks ќе работи 10-брзински автоматски менувач, а поедноставните верзии ќе добијат 6- или 8-брзински автоматски или мануелни менувачи. Погонот на сите тркала ќе биде стандарден за моделот.

Продажбата на „Amarok“ ќе започне во 2023-та година во пет различни варијанти – „Amarok“, „Life“, „Style“, новододадената „PanAmericana“ ориентирана кон теренски патишта, како и „Aventura“ фокусирана на луксуз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП