20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„British Airways“ откажува илјадници летови

„British Airways“ откажува илјадници летови

Британската авиокомпанија „British Airways“ објави дека ќе откаже уште 10.300 летови до поблиски дестинации кои беа вклучени во распоредот на летови меѓу август и крајот на октомври.

Со тоа бројот на откажани летови во периодот од април до октомври ќе се приближи до 30.000, пишува „ВВС“.

Во соопштението објавено во средата, компанијата вели дека ќе ги откаже летовите на лондонските аеродроми Хитроу, Гетвик и Сити.

Секторот за воздушен транспорт се бори со недостиг на работници во период на силно закрепнување на побарувачката за авионски превоз по пандемијата со коронавирусот, потсетува „ВВС“.

„Целиот авијациски сектор продолжува да се соочува со значајни предизвици и ние сме целосно фокусирани на зајакнување на отпорноста на нашиот бизнис за да им ја дадеме на клиентите безбедноста што ја заслужуваат“, велат од „ВА“.

Тие додадоа дека контактираат со клиентите на кои ќе им биде понудено враќање на парите или резервација на нов лет, со можност да изберат друг превозник.

Рори Боланд од „Travel“ изјави за „ВВС“ дека најновата објава на „ВА“ е „кажувачки показател“ за неуспехот да се управува со летниот распоред на летови.

„Компанијата продолжи да ги промовира и продава летовите што не можеше да ги оперира, и покрај илјадници клиенти кои се соочија со хаос со откажување во последните недели“, рече Боланд.

Најавата на „British Airways“ сигнализира дека голем број авиокомпании, вклучително и „Easyjet“, се принудени да ги намалат амбициите за, како што се надеваа, одлично лето, забележува „ВВС“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП