19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„HTC“ претстави таблет кој никој не го забележа

„HTC“ претстави таблет кој никој не го забележа

Нешто повеќе од една недела откако пред јавноста се појави необичниот „HTC Desire 22 Pro“, телефон кој ќе ви овозможи лесно да се приклучите на метаверзум, се појавија и информации за новиот таблет компјутер на оваа компанија – „HTC A101“.

Она што е интересно е фактот дека овој таблет беше претставен кон средината на минатиот месец и никој не се интересираше за него. Како тоа? Деталите за овој пренослив уред ги пренесува порталот „TheVerge“.

Технички карактеристики

Процесорот што го придвижува овој таблет компјутер е Unisoc T618, кој се состои од две Cortex-A75 јадра кои можат да достигнат брзина од 2 GHz и шест Cortex-A55 јадра кои работат на иста фреквенција. Дополнително, има 8 GB работна меморија како и 128 GB простор за складирање податоци што можете да го проширите со MicroSD картичка.

Што се однесува до камерите, има два сензори, главниот со резолуција од 16 MP и помошен сензор со ултра широк агол со резолуција од 2 MP. Што се однесува до предната камера, таа има резолуција од 5 MP. Батеријата на овој таблет има капацитет од 7.000 mAh, што треба да обезбеди солидна автономија.

Приказ и дизајн

Дисплејот на овој пренослив уред е од типот LCD, со дијагонала од 10,1 инчи и FullHD резолуција. Што се однесува до дизајнот, би требало да забележиме дека се работи за архаичен изглед со премногу широки граници околу екранот од сите страни. Проценете сами дали ви се допаѓа.

Цена

Што се однесува до цената на овој слаб уред, таа треба да биде 350 евра. Ако не прашате, повторно ни се чини дека „HTC“ премногу наплаќа за основната функционалност, особено ако се земат предвид поевтините конкуренти кои ќе функционираат исто или слично, како што се „Nokia T20“ или „Realme Pad“. Сепак, уште поинтересен од цената е фактот што овој таблет беше лансиран претходниот месец, а апсолутно никој не го забележа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП