26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБританските власти го „чешлаат“ договорот меѓу „Microsoft“ и „Activision Blizzard“

Британските власти го „чешлаат“ договорот меѓу „Microsoft“ и „Activision Blizzard“

Британскиот антимонополски регулатор објави дека отворил истрага за договорот на „Microsoft“ за стекнување на развивачот на играта „Call of Duty“, „Activision Blizzard“ за 68,7 милијарди долари, пренесува „Reuters“.

Управата за конкуренција и пазари (CMA) објави дека има рок до 1-ви септември да донесе одлука за фаза 1 за тоа дали договорот помеѓу американската технолошка компанија и студиото за игри „Activision“ ќе ја ограничи конкуренцијата во Британија.

Првата фаза од истрагата на „CMA“ или ќе даде зелено светло за договорот или ќе доведе до втора фаза на подлабоко разгледување на случајот.

И „Microsoft“ и „Activision“ не одговорија веднаш на барањето на „Reuters“ за коментар за ова прашање.

Ова е најголемата зделка во историјата на индустријата за игри. Тоа беше објавено во јануари кога „Microsoft“ соопшти дека ја презема „Activision Blizzard“. Според „Refinitiv“, аквизицијата ќе биде најголемата аквизиција со готовина во историјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП