26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФранција ќе го национализира производителот на струја – „EDF“

Франција ќе го национализира производителот на струја – „EDF“

Француската влада планира целосно да го национализира производителот на електрична енергија „EDF“, објави во средата премиерката Елизабет Борн.

„Денес ви потврдувам дека државата има намера да контролира 100 отсто од капиталот на „EDF““, рече Борн во говорот во долниот дом на парламентот, наведувајќи ги приоритетите на новата малцинска влада.

Можноста за преминување на „EDF“ во државни раце беше навестена оваа година од претседателот Емануел Макрон, кој сака да ја искористи како главен лост за огромни инвестиции во нови нуклеарни реактори.

Во својот говор, премиерката не прецизираше дали владата ќе ја национализира компанијата преку посебен закон или со откупување на акциите на малцинските акционери, ниту пак прецизираше конкретен датум.

Државата моментално поседува 84 отсто од акциите во компанијата, која доцни со изградбата на нови нуклеарни централи во својата матична земја Франција и Британија и ја нарушува нејзината финансиска структура.

Корозијата на „старите“ нуклеарни реактори, исто така, предизвикува проблеми, па половина од нив беа принудени да се затворат.

А владата си ја отежна позицијата со одредба според која мора да им продава струја на конкурентите со попуст, во период на рекордно високи цени.

„EDF“ проценува дека нивниот профит ќе падне за 18,5 милијарди евра поради намаленото производство. Попустот треба да ги чини 10,2 милијарди евра. Истовремено, проценуваат дека нивниот долг годинава ќе порасне за 40 отсто и ќе надмине 61 милијарда евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП