понеделник, 3 октомври 2022
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Asus“ има два врвни телефони за љубителите на игри (ВИДЕО)

„Asus“ има два врвни телефони за љубителите на игри (ВИДЕО)

„Asus“ претстави два нови телефони од својата „ROG“ линија и тие се наменети за оние кои сакаат врвни перформанси за играње од нивните „Android“ уреди.

Тоа се „Asus ROG Phone 6“ и „ROG Phone 6 Pro“, а главните надградби на уредот вклучуваат подобрен дисплеј, камери и нов заден екран на моделот „ROG Phone 6 Pro“.

Двата телефони се напојуваат со процесор Qualcomm Snapdragon 8+ Gen 1, работат на софтверот Android 12 и имаат до 512 GB простор за складирање UFS 3.1. Стандардниот „ROG Phone 6“ доаѓа со 8GB до 16GB меморија, додека моделот „Pro“ има 18GB RAM.

Телефоните користат 6,78-инчен Samsung AMOLED дисплеј со Gorilla Glass Victus заштита и стапка на освежување од 165 Hz, со резолуција од 2448 x 1080p. Дисплејот на задната страна на моделот „ROG Phone 6 Pro“ се нарекува „ROG Vision“ дисплеј и е 2-инчен OLED екран кој може да прикажува анимации при полнење, дојдовни повици или до шест различни сценарија.

Друга главна карактеристика на овие телефони е импресивната батерија од 6.000 mAh, со поддршка за брзо полнење до 65 W.

„Asus ROG Phone 6“ ќе биде достапен во црно-бела боја, по цена од 999 евра. „ROG Phone 6“ ќе чини 1.299 евра, ќе биде достапен само во бела боја. Двата телефони прво ќе се продаваат во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП