19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШефицата на ММФ: Ситуацијата значително се влоши, не можам да ја исклучам...

Шефицата на ММФ: Ситуацијата значително се влоши, не можам да ја исклучам можноста за глобална рецесија

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, презентираше прилично мрачна прогноза за светската економија.

Георгиева рече дека прогнозите за светската економија се „значително влошени“ од април и додаде дека со оглед на зголемената опасност, не може да ја исклучи можноста за глобална рецесија во следната година.

Според неа, ММФ во наредните недели по трет пат годинава ќе ја намали прогнозата за економски раст за 2022 година, а бројките се уште се финализираат.

Се очекува ММФ да објави нова прогноза за 2022 и 2023 година на крајот на јули, откако во април ја намали прогнозата за раст за речиси цел процентен поен.

„Изгледите значително се влошија од нашата последна проценка во април“, изјави таа за Ројтерс, наведувајќи го проширувањето на глобалната инфлација, зголемувањето на каматните стапки, забавувањето на кинескиот економски раст и ескалацијата на санкциите против Русија.

„Се наоѓаме во многу турбулентни води“, додаде таа.

На прашањето дали може да ја исклучи можноста за глобална рецесија, таа одговори дека „опасноста сега е толку голема што не можеме да ја исклучиме“.

Оваа година ќе биде тешка, додаде таа, но во 2023 година може да биде уште потешко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП