26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Volkswagen“ и „Goldman Sachs“ инвестирале 1,1 милијарда долари во „Northvolt“

„Volkswagen“ и „Goldman Sachs“ инвестирале 1,1 милијарда долари во „Northvolt“

„Northvolt“, компанија која произведува батерии за електрични автомобили, објави дека компанијата успеала да собере 1,1 милијарда долари од неколку инвеститори, вклучувајќи ги „Volkswagen“ и „Goldman Sachs“.

Во соопштението на компанијата се наведува дека собраниот износ ќе биде вложен во проширување на производството на батериски ќелии и катодни материјали во Европа, пишува „CNBC“.

Меѓу инвеститорите на компанијата се „Baillie Gifford“, „Swedbank Robur“, „PCS Holding“ и „TM Capital“.

Неодамна од „Northvolt“ беше објавено дека првата гигафабрика на оваа компанија „Northvolt“, започнала со комерцијални испораки во Европа. Од компанијата наведуваат дека вредноста на нарачките достигнала 55 милијарди долари, а меѓу клиентите се и автомобилските гиганти „Volvo Cars“, „BMW“ и „Volkswagen“.

Најновата објава за финансирање на „Northvolt“ доаѓа додека големите европски економии работат на стратегии за премин од бензин и дизел кон електрични возила.

Во Велика Британија, на пример, планот е да престане да се продаваат нови возила со дизел и бензин до 2030-та година. Од 2035-та година, сите нови возила ќе имаат нула емисија на штетни гасови. Слични цели има и Европската унија, која Британија ја напушти во 2020-та година.

„Комбинацијата на политички одлуки, посветеноста на потрошувачите да користат електрични возила и многу брзиот раст на побарувачката за почисти производи создаде „совршена бура“ за електрификација“, рече извршниот директор на „Northvolt“, Питер Карлсон.

Според Меѓународната агенција за енергија, продажбата на електрични возила во 2021-ва година достигна 6,6 милиони. Во првиот квартал од 2022-ра година е забележана продажба од два милиони електрични возила, што е зголемување за 75 отсто во однос на првиот квартал од минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП