Надуеноста на стомакот мачи голем број на луѓе и често знае долго да трае. Но не очајувајте. Ако сакате брзо да се ослободите од оваа непријатносат, можете тоа да го направите со помош на овие намирници.
Краставица

Овој зеленчук богат со вода го хидрира организмот и ви помага да ја исфрлите солта која предизвикува надуеност. А бидејќи содржи само 45 калории, ова е идеална намирница.
Грејпфрут

Еден голем грејпфрут има само 120 калории и е полн со вода која ги исфрла непотребните материи од организмот. Исецкајте го на мали парчина и јадете го полека. Ако јадете поголеми парчина и го изедете грејпрфутот наеднаш можно е да голтнете и воздух, поради кој надуеноста се зголемува.
Незасладеб зелен чај

Благодарение на тоа што содржи епигалокатехин галат (антиоксидант кој делува против запаленијата и ги ублажува тешкотиите) зелениот чај одамна се користи за оваа цел. Пијте го ладен. Но немојте да му додавате шеќер.
Чај од нане или ѓумбир

Секогаш имајте при себе чај од нане или ѓумбир како прва помош. Овие чаеви ќе ви помогнат да се ослободите од гасовите и да го смирите стомакот.